Премиера на „Бетија“ во велешкиот театар

Велешкиот народен театар „Ј.Џ.К. Џинот‘‘ вечерва (вторник , 15 мај) со почеток во 20:00 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Бетија“ во режија на Никола Ристов.


Ова е второ продолжение на претставата „Мушичка“ која изминатите четири  години редовно се прикажуваше на репертоарот на велешкиот театар и има јубилејни 50 прикажувања пред велешката публика. Претставата е работена според текстот на Анџело Беолко-Руцанте, а во неа игра целата екипа од „Мушичка“ надополнета со актерот, Александар Ѓеоргиев.

На претставата е работено два и пол месеци, и целата актерска екипа очекува дека истата ќе го привлече вниманието на театарската  публика и ќе го повтори успехот што го доживеа „Мушичка“.

– Ова е претстава во која публиката ќе се смее и ќе се релаксира а можно е во зависност од интересот во иста вечер да ги прикажуваме и двете претстави и убедени сме дека публиката ќе ужива подеднакво добро и ќе се забавува, потенцираше директорот на велешкиот театар, Јордан Витанов кој истотака настапува во претставата.

Во претставата улогите ги толкуваат: Јордан Витанов, Зорица П. Панчиќ, Зоран Љутков, Едмонд Сотир, Слободанка Чичевска, Кирил Гравчев, Александар Ѓеоргиев, Јован Рибарски и Димче Глушков.

You May Also Like