Изложба на Станко Ѓорѓиев во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, утревечер (среда, 16 мај 2012 година), со почеток во 20:30 часот, ќе се отвори изложбата на Станко Ѓорѓиев.


Интимистичко по својот карактер, сликарството на Станко Ѓорѓиев содржи елементи на мистичното, рационалното и интуитивното. За него сликата е самостоен естетски предмет што овозможува да се изразат состојбите на сопственото битие, внатрешните немири и визии. Така, ја откриваме структурата на неговите размисли и чувства, а длабоко во сликата пулсира неговата сликарска мисла. Делата зрачат со продлабочено траење што нуди немир и возбуда од визуелните претстави, така што ни стилизирањето на податното не го поедноставува податокот, туку, напротив, искажан со ликовен јазик постигнува нови естетски доживувања.

За творешвото на Станко Ѓорѓиев ќе говорат кураторот на изложбата Љупчо Маленков, виш кустос во Националната галерија на Македонија и г-ѓа Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија.

You May Also Like