Кај Старо Бонче пронајдено копје на македонската фаланга

Археолозите од Институтот за историја на уметноста и археологија при УКИМ и прилепскиот „Завод и музеј“, околу еден месец истражуваат на археолошкиот локалитет „Павла Чука” кај прилепско Старо Бонче. Најновите истражувања донесоа доста нови артефакти, пред се’ за кралската гробница, досега истражувана неколку пати од 1936 година наваму. Истата е ограбувана повеќепати од диви копачи.

Доцент Антонио Јакимовски од Инстутот за историја на уметноста и археологија, смета дека тоа е уникатна гробница во светски рамки, а уникатноста на гробницата се должи на кружниот ѕид и таква не се среќава не само на Балканот туку и во светот, воопшто. Во неа бил погребан и кремиран, со сите почести и материјални добра моќен македонски крал од 3 и 4 век п.н.е. Околу гробницата се најдени неколку гробови зашто тоа станало свето место. Повеќето материјални добра се однесени во ограбувањата низ вековите.

Професорот Виктор Лилчиќ смета дека ова е локалитет од врвно значење. Тука бил антички македонски град и според наодите упатува дека е таинствениот главен град на античките македонци-пелагонци.

– Единственото место каде можел да се наоѓа тој град, според сите сознанија, е најверојатно овде кај Старо Бонче. Бил на нивоа. Горе на преку 1400 метри е месноста Висока. Тоа било стратегиско место со контрола на Пелагонија, а долниот дел кај гробницата живеалиштата на населението. Сигурно бил со преку 20 000 жители.

Пронајдени се копје – препознатливоста на македонската фаланга, сребрен и бронзен накит и чинија, вo која се верувало се душите на покојниците. Тука се пронајдени и трите штитови пред 6 години, кои што се конзервираат во Охрид и монетите со Александар, Филип, Касандар Деметриј.

Според британските археолози, Македонија е големо археолошко наоѓалиште со најмалку 50 000 локалитети, но само 10-тина проценти од нив се истражувани.

You May Also Like