Парадно дефиле на Градскиот дувачки оркестар

Утре (22 март, сабота), по повод почетокот на пролетта, еден час, понувајќи од 10:00 часот, Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот културен центар, ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје.

gradski duvacki orkestar

Градскиот дувачки оркестар ќе тргне од Музејот на град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“, се до Плоштадот Македонија. Во рамки на дефилето ќе бидат отсвирени композиции таканаречени чекорници, како и делови од најпознатите светски маршови соодветни за вакви парадни концерти.

Овој концерт е во организација на Град Скопје и МКЦ.

You May Also Like