Денеска (петок, 30 ноември, 2012) од 19:00 часот во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложба на слики – акрил од Тома Димовски. Уметникот ќе се претстави со 20 дела работени во изминатите неколку години.
Тома Димовски е роден 1968 год. во Скопје. Дипломирал етнологија на ПМФ. Слика од 13 години. Реализирал десетина самостојни и неколку групни изложби. После 2000 година прави и неколку инсталации, а од 2008 наваму се интересира и за звучната скулптура. Учествува на повеќе ликовни колонии во Македонија и Србија. На оваа изложба ќе бидат изложени дела кои се направени од 2000 година па наваму. Сите дела се работени во акрил. Многу од овие слики не биле изложувани во Македонија, а два пејсажа од Лазарополе се направени во месец октомври.