„Априлијада 2014“ или „Скопје се смее“

Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје, утре ( 1 април, вторник) во 11:00 часот на плоштад Македонија, за сите училишта, градинки, деца и граѓани на град Скопје, традиционално ја организираат Манифестацијата „Априлијада“-Скопје се смее.

Aprilijada 2011

На плоштадот ќе биде присутен и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Во дневниот дел од забавата со маски, ќе продефилираат многу кловнови, ќе има балони, песнички, игри, забава со фолклорната секција на ДКЦ “КАРПОШ“, децата од Златно славејче и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

Ноќната забава ќе почне во 21 часот, на плоштад Македонија ќе настапат: Драган Мијалковски, Александар Митевски, 4 Strings, Коста Костовски, Sax & Sex, Александар Белов, Елена Миленковска, маскираните посетители ќе продефилираат на сцената, а ќе има и други изненадувања. Водители на забавата ќе бидат Марија Петровска и Антонио Димитриевски, а за крај настап ќе има и Диџеј БАБУРА.

You May Also Like