Изложба на студентите од Индустриски дизајн

Денеска (14 јуни 2013, петок) со почеток во 12:00 часот, во атриумот на ликовната академија Сули – ан, ќе се одржи годишната изложба на студентите од насоката по Индустриски дизајн при Машинскиот факултет во Скопје.

Изложбата ќе преставува целодневен настан кој ќе понуди за посетителите работилница за еко дизајн, проекција на филмови од областа на индустрискиот дизјан, изложба на најдобрите проекти сработени од
студентите во текот на изминатата учебна година и забава со ди-џеи.
Агендат за настанот е:
•  12.00 – 17.00 Работилница по еко дизајн – „Од ништо, нешто“
•  17.00 – 18.00 Проекција на кратки филмови од областа на дизајнот
•  18.00 – 19.30 Проекција на филмот „The Venus Project“
•  20.00 – 20.20 Отварање на изложбата
•  21.00 – 00.00 Забава со Петар Антевски и Ивана Низамовска

Влезот на настанот и учеството на работилницата се бесплатни.

You May Also Like