Изложба на Симона Манчева во Кавадарци

Во Музеј на Град Кавадарци на 8 Мај ќе биде отворена изложбата на Симона Манчева, на тема „Сексуална работа“, а со наслов „Спинтрии“. Во неа уметникот ги прикижува стекнатите предрасуди, дискриминацијата и изолацијата на сексуалните работници/чки.

 

 

Сексуалната работа е негативно етикетирана од страна на општеството. Со ова, општеството изолира и принудува цела група на луѓе да опстојува на маргините без општествените системи за поддршка и заштита. Прашањата за сексуалната работа отвараат дебати со најразлични дилеми, табуа со прикажување на стекнатите предрасуди и стереотипи, стекнати со помош на општеството и културата.
Спинтриите се монети кои се користеле за време на римската империја. Се појавиле од дваесет и втората до триесет и седмата година за владеењето на царот Тибериј, а најмногу биле користени за време на владеењето на царот Елагобал.
—————————–

Симона Манчева е  родена 1989 во Кавадарци, Р. Македонија. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, катедра по сликарство во класата на Антони Мазневски. Завршува магистерски студии кај проф. Жанета Вангели оддел сликарство. Нејзините уметнички интереси вклучуваат слики, серии слики, цртежи, објекти, уметнички книги, колажи и фотографии на различни теми (женски актови, дрва, книги, фигури, објекти) и обид да се претстави една идеја во повеќе различни стилови, техники, а со тоа и од повеќе различни аспекти. Сериите ги создава непланирано, спонтано, без претходна подготовка, освен што се концентрираат на една заедничка идеја. Симона Манчева исто така се интересира за поставување на уметноста во социолошки и социјален контекст, како и за уметност во јавен простор.

You May Also Like