Пролетен Вино фест во Скопје

Најубавиот месец од годината мај полека станува асоцијација за фестивалот на виното кој веќе втора година по ред ќе се одржи под отворено небо пред Веро Центарот. Од 8 до 12 мај посетителите ќе имаат уникатна можност на едно место да се запознаат со  вкусовите на домашните вина, да дегустираат и уживаат во овој пет дневен фестивал посветен на виното, храната и музиката.

 

„Минатата година овој фестивал иако го доживеа своето дебитантско искуство и за прв пат јавноста имаше можност да го посети, се покажа како вистински погодок бидејќи побуди голем интерес, а ние се потрудивме да овозможиме одлична атмосфера вредна дружењето и оваа година да го повториме. Успеавме на едно место да собереме дури 10 домашни производители на вина, а за уживањето да биде комплетно поканивме 4 различни производители на сирења и сувомесните призводи. Очекуваме и оваа година заедно со сите љубители на доброто вино да бидеме дел од овој фестивал на уживањето“ – изјави генералниот директор на Веро, Костас Теодосијадис.

Покрај можноста да се запознаете и да ги дегустирате вкусовите на сите домашни винарници за атмосфера да биде комплетна ќе се погрижат и бројните актуелни музички бендови кои ќе имаат свои настапи: Нокаут, Тони Китановски и Черкези, Фолтин, Чалгии,  Air Strings, Пеперминт и многу други се само дел од музичката програма замислена специјално да го надоплни овој хедонистички фестивал кој ќе му овозможи на Скопје уживање за сите сетила. А во недела, на 12ти мај ексклузивно настапува новосадската акустична сензација – Фрајле!

You May Also Like