Најмладите ќе креираат „Весел плоштад“

Детскиот културен центар “Карпош“ и оваа година продолжува со  реализација на проектот поддржан од Град Скопје со наслов „Еден час пред стемнување – весел плоштад“.

Во соопштението за настанот се вели: „Минатата година проектот заврши успешно и затоа продолжуваме и оваа година, повторно да го заживееме просторот на Плоштадот Македонија, со музика,фолклор и други активности наменети за децата,младината и граѓаните на Скопје.Реализацијата на проектот започна на 8 мај 2013 година на платото пред Сити Галери, со настап на фолклорната секција во Детски културен центар “Карпош“.Програмата ќе се одржува секој петок и сабота до крајот на годината од 19 до 20 часот.“

17 мај –Музичката секција при ККЦ – Карпош
18 мај – Фолклорната секција пр ДКЦ – Карпош

24 мај – Гитаријада “Тремоло 2013 “
25 мај – Гитаријада “Тремоло 2013 “

31 мај – Фолклорната секција при ДКЦ Карпош
2 јуни – Фолклорната секција пр ДКЦ Карпош

7 -8 јуни – Гостувања на фолклорни групи од Македонија

14 јуни – Буф
15 јуни -Буф

You May Also Like