Изложба на Омер Калеши во Даут Пашин амам

Вечерва (четврток, 18 октомври, 2012) во Националната галерија на Македонија, објект Даут Пашин амам во 19:00 часот, ќе се отвори изложба на светски познатиот сликар Омер Калеши, по повод неговиот јубилеј 50 години творештво и 80 години живот.

Како што е познато во голем број на галерии на сите пет континенти, каде се изложени неговите дела. Омер Калеши е детерминиран како уметник што го обединува вечно разиденетиот Балкан. Во исто време и Македонија, Албанија, Косово и Турција го слават творештвото на овој автор како препознавање на нивните ликовни и духовни традиции, како што беше и неговата ретроспективна изложба одржана во УНЕСКО, Париз во 2002 година.

Националната галерија на Македонија неодамна доби донација на две дела од Калеши, со што се збогатува колекцијата од македонската ликовна уметност.

Изложбата ќе ја отворат Халиде Палоши – директор на Националната галерија на Македонија, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и академик Луан Старова.

You May Also Like