Изложба на Омер Калеши во Битола

Денеска (7 јули, понеделник) во 18:30 во заводот и музеј во Битола, а во рамките на Бит фест ќе биде отворена изложба на дела на Омер Калеши.

omer kaleshi (2) (Copy)

 

Калеши е автор со меѓународно реноме, кој зад себе има голем број самостојни и групни презентирања низ целиот свет. Неговото потекло е од нашата Македонија, роден е во кичевското село Србица, 1932 година, а дипломирал на ликовната академија во Истанбул, Турција. Од Турција животниот пат го одвел во Франција, каде што и ден- денес живее и твори.

Калеши иако повеќе од половина век живее во срцето на Европа, во Меката на уметноста, Париз, никогаш не ги заборавил своето потекло и своите корени црпејќи ја инспирацијата за своите дела токму од овие краишта, од Балканот, од својот народ. Во неговите дела провејува постојано балканската драма, а негов модел е самиот негов живот. Животната филозофија на Калеши ги надминува границите на сите религии што ги разединуваат луѓето, тоа е филозофијата што доминира во неговите слики. Таа редица од „глави“, насликани со бојата на крвта, се сликани од еден живот, тоа е бескрајна приказна за историјата на балканските радости и страдања. Во неговите слики се мешаат сликарството и татковината, потсвеста и реалноста, но најмногу од се доминира космополитизмот како симбол на неговиот дух – ќе запише Халиде Палоши, директор Националната галерија на Македонија.

You May Also Like