Заврши семинарот “Европското срце чука за здрави навики”

Во Кратово заврши седумдневниот семинар “Европското срце чука за здрави навики” .

evropskoto_srce_cuka_za_zdravi_naviki

 

“Европското срце чука за здрави навики” беше во организација на Слоу Фуд Млади Македонија со подршка на програмата “Млади во акција” од Европска Унија. На него учествуваа лидери, активисти и волонтери од 15 партнерски организации од земјите членки на Европската Унија и земјите на Југоисточна Европа.

Главните теми поради кои беше одржан овој семинар беа: Здравиот стил на живеење во Европа, влијанијето на овој начин на живот врз младите луѓе како и однесувањето во заедниците.

Идејата за семинарот произлезе од начинот на живот кој го живееме, навиките, нездравата исхрана, болестите кои се едни од најголемите проблеми на денешнината особено во оние земји кои се надвор од законодавството и регулативите на ЕУ.

Целта поради која се собраа учесниците на семинарот беше да им се обезбеди простор и време на младинските организации кои работат на овие теми, да ја презентираат нивната работа, да разменуваат примери и искуства, да се фокусираат на теми кои се поврзани со здравјето и да се поттикне понатамошна соработка помеѓу младите.

Активностите во семинарот се насочија кон подобрување на квалитетот на системите за подршка на активности во насока на зајакнување на младите и младинските организации за прашања во врска со здравјето и здравиот начин на живот.

Отворањето на семинарот започна на тркалезна маса на која се собраа сите учесници, и каде се одвиваа повеќето од дискусиите. Учесниците беа вклучени во активности за градење тимови, групни вежби и анализи.

You May Also Like