Пред една година Општина Виница реализираше меѓуграничен прокет за инфраструктурно уредување на Виничкото кале, при што беа искористени средства од Европските фоднови.
Преку проектот се поставија светилки, канделабри и се уредија пристапните патеки до Калето и за неполна година осветлувањето на Калето беше целосно уништено, со што е направена голема материјална штета.
– Соочувајки се со состојбата на Виничкото кале, превзедовме акција за целосна реконструкција на осветлувањето, поставувајки нови светилки и видео надзор. Со ова целосно го заштитивме објектот од вандалско однесување на неканети посетители, изјави градоначалник на општина Виница Емил Дончев.
Во новиот објект на Мултукултурниот центар во Виница е сместен системот за видео надзор преку кој постојано ќе се следи состојбата со овој значаен споменик на културата.