Денеска (понеделник, 7 јули) во 21:00 часот во Домот на младите во Штип гостува „Интимен театар“ со претставата „Лола“.
Претсатавата „Лола“ во продукција на „Интимен Театар“, која премиерно беше изведена на фестивалот КНОТС (KNOTS) во Сан Педро, Аргентина во јануари, сега доаѓа и во Штип во рамките на Штипско културно лето.Претставата ке се игра на летната тераса во Дом на млади Штип.Влезот е бесплатен.
.„Лола“ е работена по вистинити приказни кои се обработени од режисерката Софија Ристевска. Актерката Македонка Илиевска ја игра главната улога и ја портретира хероината, жена која се обидува да преживее во време на економска, политичка и духовна криза. „Лола“ е претстава за глад, убиства и секс.Претставата „Лола“ е работена по вистинити, документарни материјали, кои се обработени од Софија Ристевска.