Изложба на облеката од филмот Ана Каренина

Ретко кој не го читал делото на Толстој “Ана Каренина”, бидејќи е задолжителна литература во средно образование, која година беше не памтам, ама добро се сеќавам дека го читав за време на распустот и тоа во дворот на тетка ми. Каренина ја замисливав нешто налик на оваа девојка, бидејќи мора да признаеме Толстој толку вешто дава описи, така што чиниш ликовите ти се овде пред тебе.


Особено ме “скокоткаше” нејзината облека и ете сега имам можност да ја видам во филмот направен по овој роман.

Кира Најтли е девојката која ќе ја игра главната улога на Ана Каренина во истоимениот филм. Впечатливите фустани дизајнирани од Жаклин Дуран за екранизација на Ана Каренина според истоимениот роман, ќе бидат изложени во Ричмонд (Западен Лондон) каде и се снимаа повеќето од кадрите за филмот. Изложбата ќе биде отворена до 4-ти април.

Вака ли ја замислувавте вие Ана Каренина?

Александра Овчарска

 

You May Also Like