Македонскoтo електронско трио „01 Плент” (“01 Plant”) го објави своето прво ЕП-издание, насловено „Missing Link”. Со ова издание, кое содржи четири песни, групата го најавува својот деби-албум, кој треба да се појави на почетокот на 2013 година.
Новиот материјал е достапен за бесплатно преземање на Интернет, преку BandCamp – интернет профилот на бендот: www.01plant.bandcamp.com.
„01 Плент” е концептуален музички проект што нуди комплетно аудио-визуелно уживање. Овој електро-бенд дизајнира музика со помош на компјутерски софтвер. Експерименталната музика, која спонтано се создава на подлога на краутрок, психоделија, индустриал и нојз, претставува ново освежување за љубителите на модерната музика. Нивниот звук се базира на длабоки и дисторзирани аналог-синт басови, емотивни мелодии од електрична гитара и специфични синт звуци дизајнирани да го раздвижат телото и умот.
Бендот, формиран во 2010 година, е составен од троjца искусни музичари од Куманово: Александар Златковски, Даниел Ѓуревски и Иван Јовановиќ.
Зад себе имаат неколку настапи во Скопје, Куманово и Прилеп. Тие беа дел и од овогодинешното издание на фестивалот de:sonanz.