Во кафе Галерија 8 – Безистен во Старата скопска чаршија, денеска (среда, 17 април 2013) во 20:30 часот ќе се отвори изложбата на академската сликарка Наталија Пулејкова-Радеска.
Наталија Пулејкова-Радеска дипломира 2004 на Националната Ликовна Академија во Софија, Р. Бугарија на отсекот графика. Магистрира 2006 година на истата Академија, на отсекот сликарство.
Делата со кои ќе се претстави на изложбата се создавани во период од 2005 до 2009 година и ги отсликуваат личните случувања на авторката, потрагата и перцепцијата како рефлексија на реалноста, каде преку емоцијата се поврзува со интимата на душата која ја чува вистината за вљубеноста, радоста, тагата, болката, среќата, конфузијата,возбудата…