„Игра“ за стартот на новата сезона на Театар 007

Најбараната фестивалска претстава „Игра“ која е изведувана речиси на сите меридијани, официјално ја отвора новата сезона на Театар 007.

igra_teatar007

Утре (вторник, 21 октомври) во 20:00 часот во Универзалната сала, Театар 007 ќе ја изведе претставата „Игра“ работена според расказите на Данил Хармс, а во режија на Игор Ивковиќ.

ИГРА е претстава – револт и тоа револт на стандардизираната шема на создавање театарски дела најчесто поставувани во т.н. Класичен театар кој се негува во професионалните ансамбли. Тие претстави во голема мера се темелат на основно кажување текст, со основни движења и со пренагласена емоција… претстави во кои движењето е заборавено.

А токму Движењето е основниот елемент на сите игри, кои ги играат децата, тинејџерите, возрасните, но и старите луѓе. Оваа претстава е уште еден револт и на сите политизирања на театарот. ИГРА е алтернативна приказна на професионалниот театар. Таа е Карикатура на претставите во кои се величи национализмот, патриотизмот, наспроти глобалноста, широкоградоста и прифаќањето на различностите. Ова е претстава во која се иронизира, исмејува и пародизира се што значи „локално“, „мое“, наспроти „глобално“ и „наше заедничко живеење исполнето со игра.“

Автор: Данил Хармс
Режија: Игор Ивковиќ
Продуцент: Миодраг Костиќ
Сценографија: Ивана Кнез
Костимографија: Ивана Кнез
Играат: Фаик Мефаилоски, Филип Кипровски, Ангела Наумоска, Јана Пауновска, Дарко Богески, Илина Матеска, Стефан Петровски, Анастасија Ашкилова.

You May Also Like