Гостување на Кралскиот театар од Цетиње во МНТ

Вечер (среда, 17 април) во 20:00 часот во МНТ гостува Кралскиот театар „Зетски дом“ од Цетиње, кој ќе ја изведе претставата „Жабар“ од Рајнер Вернер Фасбиндер.

„Жабар“ е едно од првите остварувања на Фасбиндер, и за него таа претставува отскочна даска во понатамошната работа. Овој текст на Фасбиндер, иако напишан во шеесетите години од минатиот век, е основа за соочување со бруталностите, лагите, конструкциите и фобиите на современото општество и на неговите млади,обично заборавени луѓе, деликвенти кои ги изгубиле своите компаси, но и понатаму знаат каде се вистинските страни на нивните мали светови, само тешко дека можат да ги најдат во затемнетата визба на денешнината.

Во оваа претстава игра млада, нова, храбра и талентирана генерација црногорски актери која навистина ветува.

Режија: Лидија Дедовиќ и Петра Вебер

Режисерката Лидија Дедовиќ е директор на Кралскиот театар Зетски дом.


Лидија Дедовиќ е родена на 29.06.1976 година во Подгорица. Апсолвирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Никшиќ. Дипломирала режија на Факултетот за драмски уметности во Цетиње во 2005 година со претставата „Поблиску“, во класата на професорите Егон Савин и Радмила Војводиќ. Пред дипломската претстава, постигнала значителен успех со првата целовечерна претстава „Final Countdown“, по текст на Савине Станеску, во продукција на Кралскиот театар „Зетски дом“.

You May Also Like