Изложба на наивецот Васко Ристовски во Галерија МКЦ

Изложба на македонскиот наивец Васко Ристовски во Галерија МКЦ (петок, 28 март), со почеток во 20 часот …

vasko ristovski

Васко Ристовски е сликар на наивата од Македонија. Роден е 1967 година во Скопје. Дипломира на земјоделскиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје, во 1991 година. Со сликарство се занимава од 1995 година. Работи во техника масло на стакло.

_______________________________

Самостојни изложби

2011 Скопје, Национална галерија на Македонија, Објект Чифте Амам
2008 Скопје, Галерија Оливер
2004 Скопје, Музеј на град Склопје
2002 Скопје, Галерија КО-РА
2001 Белград, Галерија Никола Пашич

Васко Ристовски е мајстор на македонското наивно сликарство.
Движењето на светлината и формата во стилот на наива се еден од основните лајт мотиви на Васко Ристевски. Со тој гест тој не префрла во димензијата на неговото гледање на ликовната естетика. Делата имаат извонредна количина на ликовен израз и енергија за да се остварат сите моменти на внатрешната визија на авторот. Вредно е да се напомене дека со овој стил на работа се зачувува сеќавањето на етно моментите на живење во македонските села.
Горјан Ѓорѓиев

Сликите претставени на оваа изложба се изработени доминантно во изминатите неколку години. Во нив секогаш се чувствува присуството на човекот, дури и кога тој не е претставен. Секоја од сликите на Васко Ристовски функционира како одвоен лирски меланхоличен микросвет со сопствена приказна чие комплетно исчитување бара сериозно задлабочување во слоевите на она што е претставено и видливо (личности, предмети, ситуации, природа…), но и навестено. Иако на прв поглед делата се одликуваат со питома изразност, авторот инсистира на моментот на навестување и исчекување, при што создава исклучителна емоционална тензија што не ретко преминува во драма. Спротиставените ликовни/стилски елементи, како што се контрастот на лирската наспроти драматичната експресија, емотивниот набој наспроти опсесивната посветеност на деталите и настојувањето да се постигне совршенство во техничкиот израз, се сублимирани моменти според кои го вреднуваме ова, во суштина, хуманистичко творештво.
Маја Чанкуловска-Михајловска

 

You May Also Like