Промоција на „Во време на суша“ во ДПМ

Денеска (9 мај 2013, четврток) со почеток во 20 часот во Друштвото на писатели на Македонија, ќе биде прпмовирана поетскта книга „Во време на суша“ од Ричард Беренгартене. Промоцијата е дел од одбележувањето на Деновите на културната разноликост  и на Денот на Европа.

Поставена во трошните урнатини на Југославија, „Во време на суша“ ја осудува војната, уништувањето и диктатурата и ги повикува плодноста, грижливоста и мирот. Клучната фигура е балканската дождовна девојка. Оваа циганка или селанка го презема древниот митолошки авторитет и се здобива со една целосно нова морална присутност. Во пресрет на ѓубриштето и војната таа е инкарнацијата на надежта и обновувањето.

Ричард Беренгартен е европски поет кој пишува на англиски јазик. Роден е во Лондон, во 1943 година. Живеел во Италија, Грција, поранешна Југославија и САД. Во моментов живее и работи во Кембриџ (Англија). Неговите поетски книги се објавени на 90 јазици, меѓу другите и на македонски. Неговата поезија изобилува со мотиви од балканските простори видени низ призмата и сензибилното око на поетот – номад комушто Балканот едно време му бил дом, а трајно се вселува во неговата поезија. Добитник е на голем број поетски признанија меѓу кои: Eric Gregory Award, Wingate-Jewish Quarterly Award for Poetry, Keats Poetry Prize, Yeats Club Prize, International Morava Charter Poetry Prize,  Great Lesson Award. Во 1970-тите го основал и водел меѓународниот Поетски фестивал во Кембриџ  (Cambridge Poetry Festival) кој постои до денес.

Преводот од англиски го направи Лидија Николова, а препевот и редакцијата е на академик Катица Ќулавкова.

You May Also Like