Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (четврток, 19 јули) во центарот на Берово отвори сувенирница, како дел од проектот на Владата за 20 унифицирани културни пунктови за продажба на сувенири, автентични за нашето поднебје.
Сувенирницата во Берово е деветта по ред и по добивањето одобренија од градоначалниците за поставување на монтажните објекти, ќе бидат отворени и останатите планирани 11 во исто толку градови во Македонија.
Со објектот ќе стопанисува Заводот и музеј Штип и во него покрај промотивниот матерајал за беровскиот крај, може да се набават и сувенири какви што има во европските метрополи.
Сувенирницата треба да придонесе и помогне за развојот на туризмот како стопанска гранка во општина Берово.