Проектот „Хартијата – креативен медиум“ во неговата втора фаза

Проектот влезе во втората фаза што претставува и најбитниот сегмент на целата програма, а тоа е работилницата за рачно изработена хартија која се наоѓа во просториите на НУ НУБ „Свети Климент Охридски“ во рамките на „Младиот Св. Климентов Универзитет“.

Со работата на Националната универзитетска библиотека младите уметници ги запозна Зорица Јаковлеска Спировска, раководител на одделението за книжен фонд и услуги, заштита и репрографија.

Групите од по десетина ученици од секое училиште одделно имаа можност да се запознаат со технологијата на изработка на хартија и можност истото да го сторат самите.Тајните на изработка на хартијата им ги пренесуваше Ива Јосифова, ликовен уметник. Се работеше со целулоза од банана, со најпрефинета јапонска хартија изработена од јапонска црница при што се добиваа прекрасни листови хартија. Бидејки проектот има самофинансирачки карактер овие хартии понатака ке се користат за изработка на дипломи, благодарници, покани за изложбата …

Втората фаза од проектот опфака и масовна еколошка акција по повод Денот на пролетта, 21 март. За таа цел покрај училиштата ги вклучивме и Секторите за заштита и унапредување на животната средина од Општина Центар, Аеродром и Карпош, Општина Центар како партнер во проектот во оваа акција ке ги вклучи сите седум основни училишта од својата територија. Со оваа акција ке се собира старата непотребна хартија во насока на унапредување на екологијата и рециклирање на старата хартија. Во деновите од вторник (20 март), па се до петок (23 март) ќе трае реализацијата на акцијата.

You May Also Like