На 27.03.2014 во 20:00 часот, во малиот салон на Галерија „Ко-Ра“ во Ј.У.Дом на култура „Кочо Рацин„ – Скопје,ќе се отвори изложбата на Марко Тасевски, ученик во Економското училиште во Скопје.
Ова е прва самостојна изложба на која ќе се презентира дел со триесет портрети на хартија, работени во молив, кои се дел од неговата повеќегодишна преокупација. Марко Тасевски го пројавува својот талент и љубопитност кон ликовната уметност уште во најраната возраст. Учесник е на повеќе ликовни конкурси и добитник на повеќе награди. Во неговите дела е евидентна неговата дарба за опсервација и аналитичност на психологијата на цела галерија ликови кои се предизвик за него како автор, од светот на филмот, стрипот, илустрацијата кои ги доловува со проникнување во карактерот на ликовите , создавајќи цела градација на расположенија и модулирајќи ги пластично, иако со определбата за монохромија тој создава широка скала на изразните можноси. Оваа изложба е во рамките на тековната програма на „Галерија Ко-Ра“ со која има цел да ги афирмира и младите таленти.