Тридневното модно случување READY TO WEAR FASHION&MUSIC MARATHON заврши вчеравечер со претставување на колекциите на P.S Fashion и Aftershock London на приземјето во Скопје Сити Мол.
На последниот ден на музичкиот моден маратон, низ перформанс беше прикажана колекцијата за пролет/лето 2014 на брендот P.S Fashion, на кој покрај професионалните манекенки, во истата улога се појавија и водителките на „Бекстејџ“ Миа Костова и Симона Станковска, како и водителката на емисијата „Живот со стил“ Елена Стефановска.
Брендот Aftershock London покрај кежуал модни парчиња претстави и свечени фустани како и аксесоари за актуелната сезона. READY TO WEAR FASHION&MUSIC MARATHON се одржа од 8 до 10 април.
На настанот кој беше од отоворен тип беа прикажани моделите на брендовите достапни во трговскиот центар : „Спрингфилд“, LTB, „Манго“ , Celio, „Окаиди“, Fashion & Friends, „Арабеска“ и Bitsiani.
Настанот беше организиран од Моден викенд Скопје и Скопје Сити Мол, поддржан од радиото Antenna 5 и има за цел да прерасне во традиција на славење на уличната мода.
фото: Ани и Дими