И оваа година општина Радовиш традиционално во деновите 17-ти, 18-ти и 19-ти oктомври, за сите сладокусци на добра храна и забава, ја организира својата најголема манифестација „САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2014“.
Манифестацијата ќе се одржи на Плоштадот „Свети Спасо Радовишки“, а предвидена е богата културно забавна програма.
Петок 17-ти – Најдобрите музички таленти на Радовиш,а за крај на првата вечер голем концерт на македонската поп звезда ЕЛЕНА РИСТЕВСКА.
Сабота 18-ти – Настап на Распеани Радовишани, Трио Гранде,Бистри Извори со Ванчо Тарабунов, Јордан Митев, УСКА КАН & Сашо Гигов Гиш и Легендите „ ХАРИ МАТА ХАРИ “
Недела 19-ти – Соња Тарчуловска, Елена Велевска, Благица Павловска и Сузана Спасовска и Ритам Бенд.