Изложба на Ирена Којкова Пејович во Гевгелија

Денес (четврток, 22-ри март 2012 година), со почеток во 19:00 часот, во Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија, ќе се отвори самостојна изложба на Ирена Којкова Пејович од Гевгелија.

Ирена ке се претстави со Соларни Акватинти изработени за време на Графичката колонија Софија, Богданци во Август 2011, а и со проекции од нејзинита серија графики „Будење“.

Изложбата ке биде отворена од 22-ри март до 26-ти март 2012 година.

Нејзините дела од серијата Будење можат да се видат ТУКА.

Таа моментално живее и работи во Кранфорд (Њу Џерси) во САД. Таа е член на Центарот за графика од Њу Џерси и Lower East Side Print Shop, графичкиoт центар во Њујорк.

You May Also Like