Манифестацијата Ден на ДПМ во Куманово се организира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија.
Во понеделник, на 3 ноември, од 19:00 часот, во Галеријата при кавадаречкиот Дом на култура, ќе се одржи Ден на Друштвото на писатели на Македонија.
на настанот ќе учествуваат еминентни македонски писатели од повеќе генерации: Иван Џепароски, Вера Чејковска, Кочо Топузовски, Елена Пренџова, Раде Силјан, Санде Стојчевски, Иван Чаповски, Веле Смилевски, Ресул Шабани, Бранко Цветковски, Данило Коцевски, Александар Поповски, Игор Крајчев, Братислав Ташковски, Илхами Емин, Марина Мијаковска, Васил Мукаетов, Марија Падикова и Петар Наневски.