Денес, (четврток, 22 март 2012 година) Игор Исаковски ќе настапи на шестото издание на фестивалот на раскажување приказни „Причигин“ во Сплит, заедно со Озрен Кебо, Драган Великиќ, Марио Главаш, Јелена Мартиновиќ и Горан Војновиќ, на тематската вечер насловена „Хипохондрија и други болештини“ која ќе ја водат Круно Локотар и Емир Имамовиќ Пирке.
Од 23 до 27 март, Исаковски ќе учествува на промоциите на хрватското издание на неговата книга раскази „Песочен часовник“, во издание на МеандарМедија од Загреб. Со помош на преведувачката мрежа ТРАДУКИ, книгата на хрватски ја преведоа авторот и Сибила Петлевски. Книгата ќе ја промовираат уредникот на МеандарМедија Бранко Чегец и писателката Сибила Петлевски: во Сплит (на 23 март, во рамките на фестивалот „Причигин“), во Загреб (на 26 март, заедно со Мирослав Миќановиќ) и во Риека (на 27 март).