Првиот број на првото македонско е-списание „Блесок – литература и други уметности“ излезе на 12 март 1998 година. До денес, објавени се 82 изданија, со што постојано се збогатува културниот простор во Македонија, но и пошироко.
За да се одбележи годишнината од првиот број, Блесок отпечати 50 графики во сито печат, под име „Хаику“. Станува збор за избор од цртежи кои Мирослав Масин ги нацртал специјално за секоја книга од едицијата „Масин“ на Блесок, во која со цртежите се објавуваат повеќе јазични хаику избори. Секоја од графиките е уникатна според нумерацијата, а е одбележана со авторски потпис и сув жиг.
Во новиот број 82 на „Блесок – литература и други уметности“ можете да прочитате:
Поезија:
– Надживување, избрани песни од Богомил Ѓузел (од новата книга избрана поезија од Богомил Ѓузел „Надживување“, едиција ЕваТас)
– Уа за возрасните, поезија од Хал Сировиц
Проза:
– Станицата Пјерфит, извадок од романот „Мојот Антонио Диаволо“ на Сибила Петлевски
– Моби Дик, извадок од романот „Моби Дик“ на Херман Мелвил, во превод на Огнен Чемерски. (Преводот ќе биде објавен во рамките на проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ на Министерството за култура.)
Есеи:
– Љубица Спасковска, Балкански разноречија – контемплации за заборавениот, загубениот и новиот Балкан и
– Ана Јакимска, Што со уметноста на Балканот по конфликтот?
Критика:
– Весна Мојсова-Чепишевска, Дијаспорен номадизам и
– Вангел Ноневски, Естетика на ремиксот
Галерија:
– Лекции од животот и уметноста, осврт на Ана Мартиновска кон изложбата на Илија Пенушлиски
– Ти, линија и јас, осврт на Маја Чанкуловска-Михајловска кон ликовните дела на Маријета Сидовски
Звук:
– Музика од: Игор Стравински, Tom Waits, Leonard Cohen, Tindersticks и освртот на Дарија Андовска, Чекајќи ја пролетта, осврт кон „Посветување на пролетта“ од Игор Стравински
Содржините на Блесок бр. 82 се бесплатно достапни на www.blesok.com.mk