Поетски читања со Роман Кисјов и Имануел Мисфуд

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, во наредниот период, во Скопје, но и во Штип, Крушево и Струга, ќе бидат организирани серија поетски читања со авторите, гости на резиденцијата: Роман Кисјов од Бугарија и Имануел Мифсуд од Малта.

Roman-Kissiov

 

Во Штип, на 19 Септември, во 20ч., во соработка со Домот на млади, домаќини на гостите ќе бидат поети од најмладата книжевна генерација: Афродита Николова, Митко Гогов и Елена Пренџова.

Во Скопје, во арт кафето Менада, на 20 Септември, во 20ч., во соработка со Независни писатели на Македонија, книжевната вечер ќе се одвива во формата на поетските хијазми, при што авторите Роман Кисјов, Ронит Бергман, Лилјана Дирјан и Богомил Ѓузел, ќе читаат и песни кои обострано си ги превеле, на бугарски, македонски и хебрејски.

Поетскиот караван ќе продолжи во Крушево, на 22 Септември, во 20ч., во соработка со локалните културни институции, Крушевски театар и Младинска културна акција, под мотото „поезија на високо“ и ќе има и музичко-перформативен карактер.
Последната поетска вечер ќе се одржи во Струга, на 23 Септември, во 20ч., во соработка со Струшките вечери на поезијата, при што Кисјов и Мифсуд ќе настапат во Спомен домот Браќа Миладиновци.

Кисјов и Мифсуд во земјата престојуваат цел септември со цел подобро да се запознаат со книжевната, интелектуалната и културната сцена и да остварат продлабочени и трајни контакти, кои во перспектива ќе ги направат пријатели и амбасадори на македонската книжевност и култура. Авторите во Скопје посетуваат културни настани, организации и институции.
Резиденцијата се одвива под покровителство на фондот Традуки, а програмата ја подржаа и Градот Скопје и Уметничкиот совет на Малта.

imanuel_mifsud

You May Also Like