„Три тејковери“ клабинг настан во Капан-aн

Овој март, во Капан ан, (Стара скопска чаршија), поклониците на клабинг културата ќе имаат прилика да уживаат во богата програма, наречена „Три тејковери“ која започнува уште вечерва (сабота, 8 март).

DJ-Chef

Во серијата настани наречена “Три тејковери”, ќе продефилираат шест диџеи, а ќе бидат претставени три жанра на електронската бас музика – драменбејс, џангл и дабстеп.

Благодарение на напорите на Скопје Вавилон, во наредните мартовски саботи, (почнувајќи од оваа, која следува), домашната публика ќе може да проследи врвни диџејски изведби на артисти од Франција, Англија и Швајцарија.
Насладувањето со најмодерните звуци на електронската сцена ,ќе започне на меѓународниот ден на жената, кога симболично и специјално за припадничките на понежниот пол, ќе имаме двајца француски шармери позади грамофоните.
На гости ни доаѓа драменбејс екипата која моментално жари и пали на клабинг сцената во Франција – Factor[i] Crew. Основачите на оваа асоцијација – диџеите Kélib и B-Man, ќе ја пренесат атмосферата на далеку прочуените Big Room журки, кои ги организираат во својата земја.

B.Man @Big Room Ltd 3

Кон средината на март (15ти), ќе се случи вечер, која ќе остане запишана во аналите на македонскиот клабинг – претставување на најстарото и најдоброто драменбејс радио на светот – KOOL FM. Со скоро четврт век традиција, ова радио учествуваше во зачетокот на еден од најинтригантните жанрови во модерната електронска музика – џанглот. Од неодамна, се емитуваат само на Интернет и го променија називот KOOL LONDON. Посебен куриозитет претставува фактот што KOOL LONDON никогаш не одржал промотивен настан вон границите на Велика Британија. Така, скопјани ќе имаат привилегија да бидат публиката, која ќе го проследи дебито на ова легендарно радио на меѓународната сцена.Да се има емисија на KOOL LONDON е посебна чест и престиж за секој диџеј, а кај нас на гости доаѓаат перјаниците на радиото – DJ Chef и Junior Buzz.
Првиот е жива легенда на џангл музиката – доаѓа од Јужен Лондон – расадникот на бас артисти. Основач е на неколку дискографски куќи – Caution Recordings и Emcee Recordings – меѓу другите.
Го нарекуваат “диџејот на диџеите“, затоа што е омилен кај публиката, но и кај своите колеги – диџеи.
Вториот претставник на KOOL LONDON – Junior Buzz ѝ е добро познат на македонската публика – доаѓа по трет пат. Во претходните настапи покажа дека е мајстор на својот занает и стекна статус на миленик кај скопските клабери.

Богатата мартовска понуда во Капан Ан, ќе ја заокружат швајцарците од Цирих – DubExMachina. Се работи за проект на дабстеперите Guyus и new.com, кои се едни од најактивните промотери на бас музиката во Европа. Овие искусни артисти се врвни познавачи на еден од најновите правци во електронската музика – дабстепот. Во Скопје ќе претстават селекција од најдоброто и најактуелното од овој жанр. Дефинитивно настан што ни еден озбилен дабстепер не смее да го пропушти.
Оваа, навистина несекојдневна понуда на гостувачки артисти ќе ја збогатат домашните диџеи: Нерсес Малакјан, Jungle Allies и Аномалиа Натива.

Заслугата за овој серијал настани, кој го враќа главниот град на Македонија на мапата на европската клабинг сцена – припаѓа на Скопје Вавилон, заедно со организациската логистика на MJM (Macedonian Junglist Movement).

hqdefault

You May Also Like