„Глоуб Театар“ од Лондон со „Хамлет“ во Хераклеа

Шекспировиот „Глоуб Театар“ од Лондон со „Хамлет“ овој петок во античкиот театар Хераклеја …

heraklea-anticki teatar

Британскиот „Глоуб Театар“ од Лондон, в петок, на 6 јуни од 20 часот, во античкиот театар Хераклеја ќе ја одигра претставата „Хамлет“ од Вилијам Шекспир во режија на Доминик Дромгул и Бил Бакхерст.

Од НУ Народен театар-Битола информираат дека гостувањето на „Глоуб Театар“ во Битола всушност претставува најава на второто издание на „Битола Шекспир фестивал“ што од 19 до 25 јули ќе се одржи во овој град.

– Битола е една од дестинациите во рамките на светската турнеја на „Глоуб Театар“ од Лондон со која се одбележува 450 годишнината од раѓањето на големиот драматург Вилијам Шекспир. Во светската турнеја опфатени се многу главни градови во Европа и раритетни локалитети, а Хераклеја е токму таква. Посебен тим на „Глоуб Театар“ на секое гостување снима посебен документарен филм и затоа нивните менаџери инсистираа без разлика на временските услови да настапат во Хераклеја, истакна уметничкиот директор на битолскиот театар Благој Мицевски.

За претстојниот ексклузивен театарски настан во Битола постои голем интерес, вели Мицевски и тоа е очекувано за како што вели – нашиот град кој од поодамна е дел од културната мапа на светот.

– Театарскиот викенд посветен на големиот Вилијам Шекспир ќе го заокружиме в сабота со нашата премиера на претставата „Отело“ која ќе ја одиграме на матичната сцена, потврди Мицевски.

You May Also Like