Прекрасна, магична, интригантна. Книга која го одзема здивот, но и го крши срцето на читателот.
„Полноќна роза” од Лусинда Рајли е една од книгите кои се читаат бавно и бараат посветеност. Поттикнуваат размислување. Бидејќи приказната е прекрасна, а е составена од судбини кои се испреплетуваат на импресивен начин.
После само 15 дена, повеќе од 1500 македонски семејства ја открија „Полноќна роза”, последното дело на авторката Лусинда Рајли, на македонски јазик објавено од „Матица.
Две недели беа доволен период, овој светски бестселер да ги освои македонските читатели.
„Полноќна роза” комплетно ме освои. Има одличен заплет, и навистина шокантен крај. Длабока книга, која е внимателно напишата и има неверојатно многу емоција пренесена од авторката. Ми ги насолзи очите повеќепати. Не можам да објаснам со збовори колку неверојатно прекрасна е „Полноќната роза”. Едноставно, мора да се прочита”, се зборовите на читателка, која со книгата се запозна при нејзината прошетка низ Скопските улици.