Во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите вечерва ќе биде отворена изложба на уметникот Драги Хаџи-Николов-Аџи, насловена „Етно приказни“.
Ќе бидат изложени 30-тина масла на платно кои авторот ги создавал во минатите три години, инспирани од етномотиви.
Хаџи-Николов дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство во класата на Душан Перчинков. Имал 30-тина самостојни изложби во земјава и во странство. Членува во Друштвото на ликовните уметници на Гевгелија.
Изложбата во МАНУ ќе ја отвори академик Влада Урошевиќ.