Концерт „Амор“ на Македонската филхармонија

Македонската филхармонија вечерва (четврток, 13 фервруари) во 20:00 часот во Македонската опера и балет ќе го изведе концертот насловен “Амор”, специјално подготвен за Денот на вљубените.

makedonska _filharmonija_logo

Со оркестарот на Македонската филхармонија ќе диригира Саша Николовски – Ѓумар, а како солист ќе настапи популарната сопранистка Наде Талевска – Спасовска. Таа ќе изведе познати нумери од Мариса Монте, Сезарија Евора, Џенифер Лопез, Луз Касал и др.

Оркестарот под раководство на Ѓумар ќе изведе атрактивни оркестарски композиции од Албениц, Маркес и Бернштајн и повеќе оркестарски аранжмани на композиции од шпанско и латиноамериканско поднебје кои ја одбележаа музичката историја. На програмата, меѓу останатите, се и композиции од “Џипси кингс”, Рики Мартин, традиционални мамбо нумери од Перез Прадо, прекрасното и секому познато танго на Луис Гардел од легендарниот филм Мирисот на жената” и уште многу други возбудливи композиции.

You May Also Like