Дебата за пописот и демократијата

Дебатата „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“  ќе се одржи на 9 јуни 2014, понеделник, со почеток во 11.30 часот, во просториите на Младинскиот културен центар ул. Цар Самуил бр. 29, во Битола.

Round table

За да ја поттикне и да ја засили јавната дебата за вистинското значење на пописот, како и за нужноста од негово итно спроведување, НВО Инфоцентарот заедно со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) преку Проектот на УСАИД за граѓанско општество, организира дебата: „Пописот е демократија, а не само етничка бројка“.

Дискусијата ќе ја модерира Елена Симонска од НВО Инфоцентарот, а панелисти ќе бидат Бојан Маричиќ од МЦЕО и проф. др. Александар Гроздановски, декан на Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, одделение Битола.

Се надеваме дека и Вие ќе земете активно учество во дебатата за тоа зошто во Македонија треба да се спроведе попис што е можно побрзо, зошто тој не смее да се третира само како етничко пребројување на населението и зошто пописот е клучниот предуслов за креирање ефикасни и успешни политики во речиси сите сфери на општеството.

Оваа дебата е дел од граѓанската кампања „Попис веднаш!“, во чии рамки ќе бидат организирани дебати и во Тетово, Струмица, Струга и Скопје.

You May Also Like