Изложба на дела од деца и млади во „Музеј на современа уметност“

Денес, (понеделник, 21 мај) со почеток во 12:00 часот во Музејот на цовремена уметност ќе се отвори изложбата насловена „Процес“ на која ќе бидат презентирани дела изработени во рамките на едукативната ликовна работилница со уметникот Атанас Атанасоски. Неговата изложба „Орнаменти“ посетителите можеа да ја видат во Музејот во изминатиот период.

Педесетина учесниците во работилницата имаа можност во автентичен амбиент пред делата и со демонстрација од уметникот да се запознаат со специфичниот начин на нивното креирање и создавање. Инаку интересно е тоа што уметникот Атанасоски работи исклучиво со природни материјали. Инспирирани и поттикнати од делата на уметникот учесниците во проектот работејќи во групи твореа сопствени дела. Истовремено имаа можност да се здобијат со нови искуства од областа на ликовната уметност и да ја покажат својата креативност и фантазија.

Со свои дела изработени од памук на изложбата ќе се претстават учениците од ОУ „Рајко Жинзифов“, СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Јосип Броз Тито“ и Меѓународно средно училиште ИХС.

Организација на изложбата и каталог Виолета Савевска.

You May Also Like