Изложени делата од ликовната колонија Галичник од период 2009 – 2011

Утре (вторник, 22.05.2012 година), со почеток во 20:00 часот во Мултимедијалниот центар Мала станица ќе биде отворена традиционалната изложба на сесиите на ликовната колонија „Галичник“ во периодот 2009 – 2011.

На изложбата ќе бидат поставени дела од 23 уметници- учесници на колонијата, кои доаѓаат од повеќе Европски земји и од Македонија. Делата, над 40-тина на број, го презентираат новиот медиумски правец на движење на оваа ликовна манифестација, а тоа е дигиталната уметност или уметноста на новите медиуми. Оттука на овие колонии учествуваа автори со завидни достигнувања во областа на фотографијата, видео уметноста, фото и графичките објекти и слично.

Колонијата и понатака го има квалитетот како пресуден репер во детерминација на нејзината улога и значење на културната национална и регионална мапа, но секако е единствена дигитална колонија на локално ниво и пошироко. Следење на чекорот со времето е должност и обврска која секоја потврдена организација без оглед од кој домен треба да го следи и да стреми кон  осовременување.

Изложбата во текот на 2012 ќе биде поставена и во уметничките галерии во Штип, Куманово и Битола.

You May Also Like