Започна изградбата на нова кино сала во Прилеп

Прилеп, градот под марковите кули ќе добие нова и најмодерна кино сала. Денеска (сабота, 27 април) започнаа градежните активности за изградба на новото кино на просторот на сегашниот ресторан до Центарот за култура.

Градоначалникот Ристески посочи дека соработката со локалната самоуправа и Министерството за култура, кое во изминатиот период финансираше неколку проекти во Центарот за култура во вкупна вредност од 7,5 милиони денари продолжува со нови инвестиции и вложувања во оваа национална установа од областа на културата. За изградба на новото кино ќе биде инсталирана најсовремена опрема со сите најмодерни придружни содржини.

Преку 200.000 евра се обезбедени од Министерството за култура за набавка на овој тип опрема. Во наредниот период се очекува да започне и реконструкцијата на самата сала со потребниот инвентар, мебел и комплетно внатрешно реновирање на ентериерот и екстериерот за се да биде во најсовремен европски стил. Во негови рамки ќе има и кафатерија по сите светски трендови со пиење кафе, пуканки,  се она што оди со гледањето на филмови. Од неодамна при посетата на Министерката Канческа-Милевска беше предаден и новиот дигитален проектор како дел од проектот за набавка на проектори за Центрите за култура низ државата.

You May Also Like