Eминентната турска писателка Алев Алатли во Македонија

Ораганизатор на настанот закажан за 22-ри мај (вторник) со почеток во 19:00 часот, е Турскиот културен центар „Јунус Емре“ како дел од програмата „Средба на интелектуалци“.

Алев Алатли е автор на романи, аналитички текстови и есеи, основач на списанието „Нашиот англиски јазик“ и заменик -претседател на Асоцијација на турски писатели (ЈАЗКО). Родена е во 1944 година во Измир. Гимназија завршила во Токио – Јапонија. Студирала економија и статистика, а магистерски студии од областа на економијата и економетријата завршила во Германија, докторските студии ги продолжила во New Hampshir, Dartmouth College. Алатли истовремено студирала и филозофија,теологија, логика и историја на цивилизацијата. Во 1974 година се враќа во Турција. Работи како професор на Економски факултет при истанбулскиот универзитет, а на Калифорнискиот универзитет (Беркли) работела на заеднички проект од областа на психо-лингвистика.

__________________________________________________

Турскиот Културен Центар “Јунус Емре“ во Скопје беше основан на 26 март 2010 година , кога стартот на актоивностите го означија министерот за надворешни работи на Турција – Ахмет Давутоглу и македонскиот министер за култура – Елизабета Канческа. Организаирањето на курсеви по турски јазик, како и различни културни настани е во насока на зајакнување на турско-македонското пријателство и меѓусебна соработка.

You May Also Like