Изложба на двајца романски уметници во музејот „Робевци“ во Охрид

На 8-ми  јуни (петок) со почеток во 20:00 часот  во музејот „Робевци“ се отвора изложба на слики на двајца романски уметници Јоан Атанасиу Деламаре, професор на катедрата графика на Ликовната Академија од Букурешт, и Емилија Персу, ликовен уметник, сликар, претседател на графичкиот отсек во Друштвото на ликовни уметници на Романија.

Изложбата е насловена „Левант постмодерн“ и ќе се претстават со слики изработени на хартија во комбинирана техника и слики изработени во техниката масло на платно.

You May Also Like