Изложба на италијанскиот уметник Антонио Манфреди во Мала станица

Утре вечер (петок,  08 јуни 2012 година) во Националната галерија на Македонија (објект Мала станица) со почеток во 20:00 часот ќе се отвори програмската изложба на италијанскиот уметник Антонио Манфреди. Манфреди е мултимедијален уметник, куратор и директор на Музејот на современа уметност „Касорија“ во Неапол, Италија. Сестраноста на неговиот уметнички ангажман е високо оценет на Европско ниво.

На македонската јавност и се презентира со селекција од фотографии кои ги работи во последната деценија, а во нив се поставени дел од фотографиите од циклусите „Слика во слика“, „Јас, јас и јас“, „Патувајќи низ меморијата“, „Куќата на куклите“ и „Психа“.

„Контрасните состојби се исклучително акутни во неговите сондирања на состојбите околу себе и во себе, а природните, во комбинација со инсценираните или измонтирани претстави ја покажува широката лепеза на стратегии и пристапи за доаѓање до уметнички издржана фотографска целина. Апсолутната сериозност и исконцептуализирана аура на некои од делата симпатично се прелеваат со моментот на случајност и игра кој е интрогантен во експериментаторскиот дух кој го нуди фотографијата како медиум. Иронијата, ексцентричноста, ароганцијата се испреплетени со неговата леснотија, разбирливост и директност во презентирањето на пораката.“ (извадок од предговорот на кураторот и организатор на изложбата Ана Франговска).

Изложбата ќе биде поставена до 20.06.2012 година.

 

You May Also Like