Одбележување на Светскиот ден на институтите „Конфуциј“

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира свеченоста по повод Светскиот ден на институтите „Конфуциј“ и 10-годишнината од основањето на првиот институт „Конфуциј“ во светот, која ќе се одржи на 24 септември 2014 година, во 10,00 часот, на платото пред Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

024 Kina -Ciang-640

 

Со оваа свеченост ќе се означи почетокот на отворената манифестација „Запознај ги кинескиот јазик и култура“, во организација на Институтот „Конфуциј“, која на 24 септември, од 11,00 до 18,00 часот, ќе се одржи на платото на НУБ „Св. Климент Охридски“, додека на 25 септември, во истото време, ќе се организира на платото пред факултетите за општествени науки во универзитетскиот кампус. На оваа манифестација, посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на отворени часови по кинески јазик и калиграфија, да проследат изведби на таи чи чуан-вежби, кинеска музика, ѕид со пораки и други изненадувања.

You May Also Like