Денеска (недела, 4 ноември) во салата Вилсир во Беверли Хилс ќе се биде прикажан филмот „Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски, на таканаречените Проекции за Оскар на Американскиот филмски Маркет. Овие проекции се редовна активност на организацијата “European Film Promotion”, подржано од нејзините земји членки и MEDIA Програмата на Европската Унија.
Македонскиот филмски фонд како членка на оваа организација секоја година го пријавува филмот кој е Македонски кандидат за оскар и партиципира во организацијата на овие проекции што ќе му помогне на филмот да биде претставен до членовите на Американската филмска академија, но и на сите заинтересирани на Американскиот филмски Маркет. За таа цел се испратени преку 1700 покани до разни професионалци и дистрибутери, а членовите на Американската филмска Академија се поканети преку американски публицист (Tatiana Detlofson) ангажиран за промоција на Европските филмови на овие проекции за Оскар.
Филмот на Дарко Митревски е меѓу десетте кандидати за номинација за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје, кои ќе имаат специјални проекции во Лос Анџелес. Проекциите ќе се одвиваат во период од 1-ви до 7-ми ноември во рамките на Американскиот филмски маркет.