Утре вечер, (четврток, 22 декември 2011 година) со почеток во 20:00 часот, концерт ќе одржи Камерното студио БАХУС. На концертот кој ќе се одржи во Фоајето на МОБ ќе бидат изведени дела од Хендл, Телеман, Албинони, Леа, во камерна формација која се состои од гудачки и дувачки инструменти.
Камерното студио БАХУС постои повеќе од една деценија и е редок пример на ваков ансамбл во Република Македонија. „Бахус“ го сочинуваат докажани македонски инструменталисти кои заеднички ја катализираат пасијата за камерно музицирање.
Бахус е своевидна лабораторија во која камерната музика систематски се проучува, анализра и подготвува со цел да се нагласи професионалниот пристап кон камерното музицирање. Отваруваат настапи на најзначајните музички фестивали во Македонија, а на меѓународната сцена настапуваат на фестивалот „Нимус“ во Србија и на Летниот Киевски Фестивал во Украина.
Влезот на концертот е слободен.