Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура на Република Македонија, и оваа година продолжува со започнатиот проект “Кич, да!?/ сте или не/”.
Седма година по ред, проектот чија цел е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската, туку и од светската ликовна уметност продолжува и оваа година со отворање на изложбата на фотографии „Манаки фотографии одблиску“, која ја подготви м-р Роберт Јанкулоски.
Фотографиите се изработени од оригиналните стаклени плочи во дисперзираната лабораторија на Македонскиот центар за фотографија.
Организаторите изразуваат благодарност до Државниот архив на Македонија – подрачно одделение – Битола за отстапениот материјал.
Изложбата ќе се отвори утре (21 мај, среда) во 12:00 часот во Центарот за култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци.