Почнувајќи од утре (четврток, 1 декември 2011 година), па се’ до 6-ти декември, Детскиот културен центар – „Карпош“ и Град Скопје, по втор пат го организираат Меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“ – П.С.„Гитар фест“.
Во рамки на фестивалот ќе се одржи и интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории. Членови на жирито се светски прочуените гитаристи: Герхард Рајхенбах-Германија, Зоран Краишник БиХ/Србија,Срѓан Тошиќ –Србија и Џани Шеху – БиХ, а за победниците се предвидени вредни награди.
Во Културно информативниот центар-КИЦ во Скопје, од 20:00 до 21:30 часот, на 2; 3; 4 и 5-ти декември ќе бидат одржани и неколку солистички концерти на гитаристите учесници на Фестивалот, за коишто влезот ќе биде бесплатен.
02.12. – Герхард Рајхенбах-Германија
Зоран Краишник – Србија
Дарко Багески – Македонија
Ѓурај Алиорук – Турција
03.12. – Дамјан Пејчиновски – Македонија
04.12. – Гитарски квартет “Leggero“ – Хрватска
Саша Бабиќ
Емина Тривановиќ
Славен Спољариќ
Јурај Мајсторовиќ
05.12. – Концерт на победниците во натпреварот