Избор за најуспешни битолчани

Традиционално по 14-ти пат најстариот „Битолски весник“ ги избира најуспешните битолчани за 2012-та година.

Ексклузивниот ресторан „Вавилон“ годинава ќе собере над 600 гости на манифестацијата на која ќе бидат избрани најуспешните битолчани од областа на бизнисот, политиката, образованието, културата, естрадата, спортот и здравството.

Изборот за најуспешни битолчани како и во изминатите години директно ќе се пренесува на Тера телевизија и радио Б97.

Покрај големиот број на еминентни гости од јавниот и културниот живот од земјата и странство, на изборот ќе настапат и битолските групи Деспина и Молика, а како специјални гости ќе се појават ексклузивците на Горила продукција Димитар Андоновски и Тамара Тодевска.

You May Also Like